Дома Фудбал Италија Тоти: Порано или подоцна ќе се вратам во Рома

Тоти: Порано или подоцна ќе се вратам во Рома

Легендата на Рома, Франческо Тоти верува дека порано или подоцна ќе се врати во својот матичен клуб од каде замина минатата година.

Тоти целата кариера ја помина во Рома, а откако се повлече, доби директорска функција во клибот. Но откако влезе во конфликт со сопственикот Палота ја напушти позицијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По промената на сопственоста на клубот, тој се надева дека повторно ќе започне да работи во тимот на неговото срце, но во оваа фаза немал контакт со новите сопственици на семејството Фридкин.

„Кога ќе се вратам во Рома? Нема единствен одговор затоа што има премногу нијанси, но порано или подоцна тоа ќе се случи. Ако ме прашате кога ќе се сретнам со Дан Фридкин, ќе одговорам на тоа кога ќе ме покани на кафе. Секако дека тоа ќе се случи, но тие не ме повикале до овој момент“.

„Дан Фридкин брзо сфати една суштинска работа. Во Рома, сопственикот мора да биде физички присутен. Затоа е убаво што неговиот син Рајан се сели во Рим. Поранешниот сопственик Џејмс Палота направи грешка затоа што носеше одлуки од далечина, засновани врз гласини“, изјави Тоти за „Република“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…