Дома Фудбал Италија Тоти: Не ми беше лесно да се навикнам на новиот живот, јас и понатаму тренирам

Тоти: Не ми беше лесно да се навикнам на новиот живот, јас и понатаму тренирам

Иконата на Рома, Франческо Тоти во неговото прво интервју како директор на Рома откри дека не му било баш лесно да се навикне на новиот живот.

Тоти во мај на 41 година стави крај на фудбалската кариера, а Рома како и што се очекуваше му понуди директорска функција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имав потешкотии да се навикнам на новиот живот и новиот режим. Кога бев фудбалер, станував, појадував и заминував на тренинг. Сега е поинаку и морам да го планирам денот, навистина не ми беше лесно.

Сепак италијанскиот ветеран потврди дека сеуште ја одржува својата физичка форма.

„Одржувањето на формата за мене е важно, преку тренирањето се опуштам. Доколку не тренирам би станал 300 килограми, засега добив само некој килограм повеќе“, зборуваше Тоти, а потоа откри дека одбил понуда од Реал Мадрид и богати клубови од ОАЕ и САД.

„Имав можност да заработам многу пари, но со тоа би ја уништил мојата 25 годишна љубов со Рома“, откри Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …