Дома Фудбал Останато Тоти: Ако не станев фудбалер ќе работев на бензинска пума

Тоти: Ако не станев фудбалер ќе работев на бензинска пума

Франческо Тоти е вистинска легенда на Рома и легенда на Рим, а сега во интервју за италијанските медиуми откри некои интересни детали од неговата кариера.

Легендата на Рома откри дека претседателот на Сампдорија, Фереро направил се за да го доведе во Сампдорија.

„Да, точно е. Фереро навистина сакаше да одам во Сампдорија, направи се за да ме доведе“, откри италијанскиот ветеран.

Интересно е што порача дека доколку не би бил фудбалер би работел на бензинска пумпа.

„Јас ги сакам сите спортови. Прилично сум добар во веслање, знам да играм и тенис, меѓутоа да не бев фудбалер веројатно ќе работев на бензинска пумпа. Многу ми се допаѓа мирисот на бензинот“, изјави Тоти.

Инаку, Тоти неодамна влезе во менаџерските води и отвори агенција за грижа на кариерите на фудбалерите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meгваер повторно мета на сеир, Хал даде гол, а тој го чуваше соиграчот (Видео)

Манчестер Јунајтед запиша пораз во првото коло од новата сезона на Премиер лигата и тоа од…