Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем покажува сериозен интерес за ѕвездата на Интер и хрватски репрезентативец, Иван Перишиќ.
„Спарси“ веќе остватиле контакт со агентот на Перишиќ и сакаат да го донесат ова лето во своите редови. Хрватот минатото лето беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед, но Интер не сакаше да го пушти за помалку од 50 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Перишиќ оваа сезона беше еден од најдобрите и најзаслужните што „нероаѕурите“ се вратија во Лигата на шампиони.
Раководството на „нероаѕурите“ не сака да се раздели со Хрватот, но сепак ќе седне на преговарачка маса доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.
Останува да видиме дали Тотенхем е спремен да ја плати оваа сума!