„Спорт Италија“ тврди дека италијанскиот тренер Антонио Конте сака повторно да соработува со Лаутаро Мартинез и дека Тотенхем е подготвен да испрати понуда од 90 милиони евра до Интер.
Сепак, како што стојат работите тоа нема да биде доволно затоа што Интер нема намера да се раздели со Лаутаро ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лаутаро има откупна клаузула од 105 милиони евра во договорот со Интер, а претходно се поврзуваше со Барселона и Арсенал.
Сепак, Мартинез и неговиот агент претходно порачаа дека не сакаат да го напуштат Интер, особено не по потпишувањето на новиот договор во октомври 2021 година, кој има важност до јуни 2026 година.
Лаутаро се очекува да остане важен дел од Интер и после најавеното доаѓање на Дибала и Лукаку.