Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем во зимскиот преоден рок ќе се обиде да го донесе крилниот напаѓач на Кристал Палас, Вилфред Заха.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Менаџерот Покетино го означи Заха како приоритет во зимскиот преоден рок, бидејќи Ламела и Сон играат во променлива форма и му треба засилување на крилните позиции.
Заха игра одлично во дресот на Кристал Палас, постигна 5 гола и запиша 6 асистенции од почетокот на сезоната, па го привлече вниманието на неколку големи клубови.
„Спарси“ сакаат да ја победат конкуренцијата и наводно спремиле понуда од 35 милиони евра, која се верува дека ќе биде доволна за челниците од Кристал Палас да ја пуштат својата ѕвезда.