Со натпреварот помеѓу лондонските ривали, Тотенхем и Вест Хем отворено беше 36-тото коло од англиската Премиер лигата. Вест Хем на крајот беше поуспешен победувајќи со резултат 0:1.
Првото полувреме на стадионот на Тотенхем не донесе скоро ништо. Тотенхем имаше неколку опасни акции, се обидуваа Сон, Лукас Моура и Ериксен, но немаше преголема опасност за Фабијански.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ниту второто полувреме не донесе премногу возбудувања, иако и едните и другите изгледаа нешто повеќе растрчани.
Нападите на лондонските ривали во главно завршуваа без адекватна завршница, н отогаш во 67-та минута Вест Хем стигна до водство.
Арнаутовиќ нафрли, Антонио ја прими топката и ја погоди мрежата за 0:1.
После голот за водство „чеканите“ продолжија да се закануваат преку контри, Антонио во 81-та минута имаше прилика да постигне втор гол, но Лорис неговиот удар го одбрани. Шанса да ги реши сите дилеми пропушти и Иса Диоп.
Тотенхем беше блиску да ги казни промашувањата и да стигне до бод, но Балбуена во последните минути ја извади топката од гол линијата и го спаси својот тим.
До крајот остана 0:1 и Вест Хем однесе победа на градскиот ривал.
Вест Хем со новите три бода има вкупно 46 и се наоѓа на 11-тата позиција. Тотенхем остана трети со 70 и сега има три бода повеќе од Челзи на четвртото, четири повеќе од петопласираниот Арсенал и шест повеќе од Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед (екипите кои се борат за место во топ 4) имаат натпревар помалку.