Дома Фудбал Англија Сон потпишува договор вреден 57 милиони евра?

Сон потпишува договор вреден 57 милиони евра?

Жозе Мурињо изјави дека Сон сака да го продолжи договорот, а клубот изгледа брзо ќе реагира.

Јужнокорејскиот напаѓач игра одлично веќе подолго време, а исклучително добро ја отвори и оваа сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сон е еден од најдобрите поединци во тимот на Мурињо, па клубот сака да го награди со нов договор, а „Специјалниот“ јавно побара од раководството да биде продолжен неговиот договор.

„Би сакал Сон да го продолжи договорот. Неговиот договор важи уште ѕтри години, па ситуацијата не е хитна. Сите во клубот го сакаат, се надевам дека ќе остане што е можно подолго“, гласеше изјавата на Мурињо.

Веќе денес пристигнуваат вести за реакција на раководството на Тотенхем.

Според информациите Сон би требало да потпише нов договор според кој ќе заработува 220.000 фунти неделно и со плус бонуси за времето поминато на терен. Ако го испочитува до крај (2023) тој во Тотенхем би заработил 57 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …