Дома Трансфер зона Тотенхем на шопинг во Амстердам – пристигнува дуото од Ајакс

Тотенхем на шопинг во Амстердам – пристигнува дуото од Ајакс

Тотенхем одигра уште една одлична сезона, но не испеа да ја освои титулата во Премиер лигата. Поради тоа „спарси“ сакаат додатно да го засилат тимот за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Покетино е силно заинтересиран за двајца фудбалери на Ајакс, кој оваа сезона стигна до финалето на Лига Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за капитенот на Ајакс, Дејвид Класен, за кого се заинтересирани уште Евертон и Наполи, како и дефанзивецот Џоел Велтман, кој има само уште една година договор со холандскиот клуб.

Тотенхем нема да има проблем да ги исполни финансиските услови на Ајакс, но ќе треба да ги убеди фудбалерите да се преселат во северен Лондон, бидејќи на маса имаат многу понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…