Дома Трансфер зона Тотенхем му нуди трампа на Милан

Тотенхем му нуди трампа на Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Тотенхем и Милан започнале преговори за трампа во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Франк Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.

Последната понуда од Милан изнесува 6,5 милиони евра по сезона, но Кеси одбива да стави потпис бидејќи бара најмалку 8 милиони евра.

„Росонерите“ не сакаат да го загубат Кеси без обештетување и се спремни да го продадат во јануари, а најсилен интерес покажуваат ПСЖ и Тотенхем.

Имено, „Спарси“ се спремни да понудат трампа помеѓу Кеси и Ндомбеле, а „росонерите“ се заинтересирани за таква размена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…