Дома Фудбал Тотенхем конечно најде нов тренер

Тотенхем конечно најде нов тренер

Пауло Фонсека ќе биде нов тренер на Тотенхем и се очекува само официјализација, пренесува „Скај Спорт“.

Тотенхем долго време е во потрага по нов тренер и се поврзуваше со неколку големи тренерски имиња, но не успеа да постигне договор.

На крајот „спарси“ постигнаа договор со Пауло Фонсека, кој ја напушти Рома на крајот на оваа сезона.

Главна улога во преговорите имал новиот директор Паратичи, кој одлично ги познава квалитетите на Фонсека.

Португалскиот тренер ќе потпише договор до 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лазаревски со гол и асистенција во шестката на Престон, Стојановиќ го запре Штурм

Даниел Лазаревски и Јонас Марковски се запишаа меѓу стрелците за Престон, а Дејан Стојанов…