Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос од лето би можел да стане слободен играч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бидејќи Рамос се уште не се договорил за продолжување на соработката со Реал Мадрид не е исклучена можноста дефанзивецот на крајот од сезоната да си замине. Рамос сака тригодишен договор, но Реал не е спремен да му го обезбеди поради неговите години.
Многу екипи ќе се обидат да го доведат Рамос и тоа не е чудно, а сега се појави информација дека Мурињо ќе се обиде да го доведе во Тотенхем.
Според информациите Мурињо е одлучен во намерата и ќе го убеди раководството на Тотенхем да тргне по потписот на искусниот стопер. Претходно Рамос се поврзуваше со трансфер во ПСЖ.