Дома Фудбал Останато Тотенхем има голем проблем со Ериксен

Тотенхем има голем проблем со Ериксен

Кристиан Ериксен неодамна изјави дека сака да проба нешто ново и така потврди дека сака да го напушти Тотенхем.

Данецот во 2013. година приситнга од Ајакс за 13.5 милиони евра, а минатата сезона играше одлично и на 51 натпревар за Тотенхем постигна 10 гола и запиша дури 17 асистенции. Сето тоа доведе до интерес на голем број клубови, од кои Реал Мадрид покажа најголема желба ова лето да го доведе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем не беше расположен да го продаде Ериксен и со сите сили сака да го задржи во своите редови, па затоа постави цена за него од 150 милиони евра, поради што Реал се откажа од Данецот. Со оглед на тоа што Ериксен има договор до 2020. година, Тотенхем сега знае дека од следното лето може да си оди како слободен играч, па неодамна му го понудиле на Реал за 70 милиони, само за да извлечат нешто.

Меѓутоа, Реал веќе многу потроши на засилувања и се уште очекува да ја заврши работата околу доведување Пол Погба, што исто така многу ќе го чини. Тотенхем во меѓувреме не доби ниту една понуда за Ериксен и сега чекаат што ќе се случи. За тоа време, Данецот се подготвува да се приклучи на подготовките со Тотенхем кои почнуваат следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…