И покрај фактот што не донесе ниту едно засилување ова лето, Тотенхем би можел да го продаде англискиот репрезентативец Дени Роуз, тврдат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Левиот бек одби да се пресели на позајмица во Шалке, но е отворен за трансфер во францускиот шампион Пари Сент Жермен, кој покажува силен интерес за него.
Англиските медиуми тврдат дека раководството на „спарси“ исто така сака да го продаде Роуз и покрај фактот што тој беше повикан за саботниот натпревар против Фулам.
Ситуацијата не е таква со Тоби Алдервајлед, за кого цело лето се шпекулираше дека ќе замине, но менаџерот Покетино инсистира по секоја цена тој да остане во тимот.