Маурисио Покетино иако веќе две сезони постигнува фантастични резултати со Тотенхем, сепак е еден од најслабо платените менаџери во Премиер лигата, барем кога се големите клубови во прашање.
Аргентинецот се етаблираше во еден од најдобрите менаџери на Островот, но добива значително помала плата од Гвардиола, Мурињо, Клоп, Венгер, Конте…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација, плус огромниот интерес на Челзи за услигите на Покетино, го примораа раководството на „спарси“ да го одврзат кесето за да го задржат Аргентинецот.
Покетино наредната недела ќе има составок со претседателот и ќе бара гаранции, а медиумите на Островот тврдат дека „спарси“ се спремни да му дадат голем буџет и одврзани раце за трансфери.
Тотенхем е спремен да издвои голема сума за доведување на Антони Марсијал, Вилфред Заха и ѕвездата од Чемпионшип Рајан Сесињон кој има само 17 години.
Иако договорот на Покетино истекува во 2021 година, претседателот Леви не сака менаџерот да биде незадоволен, па Аргентинецот ќе добие значително зголемување на платата.