Дома Фудбал Италија Тотална конфузија: Милан го враќа Монтела?

Тотална конфузија: Милан го враќа Монтела?

Италијанските медиуми денес пренесоа „шокантна“ информација и тврдат дека Џенаро Гатузо може да добие отказ после само четири натпревари, а на кормилото на Милан повторно да биде вратен Монтела.

Милан вчера загуби на домашен терен од Аталанта, а следниот натпревар „росонерите“ ќе го играат против Интер во четвртфиналето од Купот.

Медиумите во Италија тврдат дека тој натпревар може да биде последен на клупата за Џенаро Гатузо, иако легендата неодамна беше поставен за прв тренер.

Изненадувањето е дека раководството на Милан навистина размислува за враќање на Винченцо Монтела на клупата, поради недостаток од други опции.

Монтела е се уште под договор со „росонерите“, но доколку раководството навистина одлучи да го врати на кормилото, тоа само ќе биде доказ дека клубот е во тотална конфузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Четири англиски гиганти планираат удар врз Манчестер Сити: Се работи за повеќе од 200 милиони фунти.

Проблемите за Манчестер Сити би можеле да станат уште поголеми. Откако нејзина независна к…