Во редовите на аргентинската репрезентација владее тотален хаос и анархија. По синоќешниот состанок на играчите со главниот менаџер на федерацијата Хорхе Буручага, одлучено е во целост загубениот Хорхе Сампаоли да остане селектор до крајот на СП, но само формално.
На донесена е одлука Сампаоли да остане во Русија, но првиот тим за дуелот со Нигерија ќе го составуваат фудбалерите на чело со Лионел Меси. Дури и на тренинзите на Аргентина, иако е присутен Сампаоли нема некои посебни права.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Факт е дека фудбалерите ќе го прават тимот. Според информациите од кампот, Сампаоли ако не сака не мора да седи на клупата на мечот со Нигерија“, пишуваат аргентинските медиуми.
„Гаучосите“ во вторник од 20:00 часот мораат да победат и да се надеваат дека во исто време до победа нема да дојде Исланд против резеристите на Хрватска, или пак, Аргентина да победи со поголема гол разлика.