Напаѓачот на Торино Андреа Белоти е најголемото откритие оваа сезона во Серија А, па многу големи клубови ширум Европа сакаат да го имаат во своите редови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа Торино експресно реагираше и го „заклучи“ напаѓачот со нов договор до 2021 година, и откупна клаузула од 100 милиони евра.
Белоти игра во голема форма од почетокот на сезоната, има постигнато 11 голови, а се избори и за место во италијанската репрезентација.
Кариерата овој напаѓач кој наскоро ќе наполни 23 години ја започнал во Албинолефе, а во 2015 година од Палермо се преселил во Торино.
Клузулата од 100 милиони евра важи само за клубовите надвор од Италија, а најсериозен интерес за него на Апенините покажуваат Милан и Наполи.