Дома Топ вести ТОП 10: Ова се фудбалерите кои ќе ги полнат насловните страници во јануари!

ТОП 10: Ова се фудбалерите кои ќе ги полнат насловните страници во јануари!

top 10

За помалку од една недела се отвара зимскиот преоден рок.

Вообичаено во јануари најмногу се активни оние кои ја признаваат грешката од летниот „Меркато“. И оваа зима многумина фудбалери ќе ја променат средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како и во текот на летото фудбалерот за кој најмногу ќе се зборува е Фелипе Кутињо од кого Барселона се уште не се откажала, а во продолжение ви ги претставуваме фудбалерите за кои се очекува најмногу да се зборува во текот на јануари.

1.Фелипе Кутињо

Бразилскиот плејмејкер и Барселона неодамна си даваа знаци, неговиот трансфер веројатно ќе биде еден од рекордните, но одредени медиуми пишуваат дека Меси и Валверде се откажале од него поради поволната ситуација во домашното првенство.

2. Алексис Санчез

На одличниот Чилеанец му истекува договорот на крајот од сезоната и ќе биде интересно да се види каде ќе ја продолжи сезоната. Се очекува негов нов клуб да биде Манчестер Сити каде што би преминал во текот на летото без оштета.

3. Месут Озил

Германскиот генијалец би можел повторно да соработува со Мурињо. Озил дури и после натпреварот против Манчестер Јунајтед се поздрави со целиот стручен штав на клубот од „Олд Трафорд“. Тој би пристигнал како слободен фудбалер и се очекува да добива плата од околу 250.000 евра неделно.5

4. Анхел Ди Марија

Аргентинецот за доаѓањето на Нејмар остана без место во стартниот тим и поради малата минутажа би можел да замине. Барселона го повикува на „Ноу Камп“, каде би настапувал со својот сонаордник Лионел Меси кој о него гледа поефтино решение.

5. Јулијан Дракслер

Уште еден фудбалер кој стана вишок по доаѓањето на Нејмар и Мбапе. Германецот игра почесто од Ди Марија, но не игра на природната позиција и со задоволство би преминал во клуб каде што би играл поблиску до голот.

6. Виргил Ван Дијк

Дефанзивецот на Саутемптон само чудо ќе го задржи на „Сент Мери“, неговата цена ќе биде околу 50 милиони евра, а Клоп би платил да го доведе. Проблем е што Германецот има уште понудаи, пред се од Манчестер Сити.

7. Давид Луиз

Бразилскиот дефанзивец никој не го спомнуваше минатото лето, беше стандарден член на Челзи. Така и ја започна сезоната, но пото се промени. Луиз влезе во конфликт со Конте и падна во негова немилост.

8. Тома Лемар

Францускиот фудбалер од средината на теренот е голема желба на Арсен Венгер. Интерес за него покажа и Јирген Клоп. Но двајцата имаат ист проблем. Лемар изјави дека нема ништо против Арсенал и Ливерпул, но проблем е цената која би изнесувала најмалку 120 милиони евра.

9. Емре Чан

Германскиот репрезентативец има договор до летото 2018 година и одбива истиот да го продолжи во Ливерпул не е задоволен од минутажата, најголем интерес за него покажа Јувентус.

10. Леон Горецка

Уште еден фудбалер кој би можел на лето да замине без оштета. Се очекува Шалке да го пушти оваа зима и да заработи за одличниот фудбалер, веќе подолг период за него интерес покажува германски Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…