Дома Македонски спорт Тони Мицевски: Германија тешко ќе си дозволи нова бламажа, но фудбал е има изненадувања

Тони Мицевски: Германија тешко ќе си дозволи нова бламажа, но фудбал е има изненадувања

Пред денешниот натпревар на Македонија со Германија имавме прилика да разговараме и со уште една легенда на македонскиот фудбал, Тони Мицевски.

Со Мицевски го споменавме претходниот натпревар со Лихтенштајн, денешниот со Германија како и дел од неговата одлична кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Игравме со Лихтенштајн кого го победивте 4:0, а вие бевте дел од генерацијата која ја има најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал, токму против оваа репрезентација (11:1)

„Убаво е чувството да бидеш дел од т аа репрезентација која го постигна најдобриот успех во историјата на МАК фудбалот. Секоја генерација си има свои квалитети, така оваа генерација направи фантастичен успех со пласманот на Еуро 2020.

Бевте ли изненадени од така високата победа?

„Да, секако дека бев, како јас така и сите останати. Имаше огромна мотивација од селекторот Ѓоко Хаџиевски. Знаевме дека сме подобри од нив и сакавме што побрзо да го отвориме резултатот.

Можеме ли Германија повторно да ја изненадиме?

„Тешко ќе биде. Германија нема да сака да си дозволи уште една бламажа, доаѓаат со најсилен состав и далеку поголема мотивација од претходниот натпревар.

Може ли оваа Македонија барем до бараж за пласман на СП од оваа група?

„Не сме во толку лоша ситуација, но шансите ќе беа далеку поголеми ако победевме на некој натпревар од септемврскиот циклус.

Бевте еден од првите фудбалери со голем трансфер во Германија. Како дојде до тој трансфер?

„Благодарение на добрите настапи за Пелистер, посебно во репрезентацијата бев следен од Ханза Росток и тренерот Франк Пагелздорф и менаџрот Фали Рамадани и тоа на натпреварот во Елче поритв Шпанија.

Игравте со повеќе големи екс-ју играчи во Германија. Со кого бевте најблизок, контактирате ли и денес со некои од тие фудбалери?

„Контактирам со повеќето од нив тука се, Барбарез, Хујдуровиќ, Пиплица, Акраповиќ“…

Дебитиравте во еден фантастичен натпревар со Партизан на „Тумбе Кафе“. Кажете ни нешто повеќе за тој момент.

„Тоа бешпе мој прв настап како стартер иако загубивме со 2:0 со головите на Мијатовиќ останав забележан од тренерот Ивица осим и после три месеци дојде до средба со Стојанче Ристевски и Бејковиќ, за жал Пелистер бараше висока оштета и трансферот не се реализираше“.

Ќе потсетиме, Македонија и Германија играат вечерва на Арената „Тодор Проески“ и сите веруваме во ново изненадување како тоа во Дуизбург, иако секако знаеме дека ќе биде тешко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дали Јамал постигнал гол во „Ел Класико“ ќе решава – шпанскиот суд!

Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправд…