Дома Фудбал Останато Тони Крос имал договорен трансфер на Олд Трафорд, но…

Тони Крос имал договорен трансфер на Олд Трафорд, но…

Тони Крос е еден од најдобрите трансфери во поновата историја на Реал Мадрид. Германецот пристигна од Баерн Минхен за 25 милиони евра.

Крос веќе неколку години е еден од најдобрите играчи за врска и еден од најзаслужните за успесите на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец призна дека во 2014 година бил на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, но зделката пропаднала поради промена на тренерот.

Дејвид Мојс дојде да ме гледа и договорот веќе беше готов. Меѓутоа, после тоа Мојс беше отпуштен, дојде Ван Гал и работите се искомплицираа“, открива Крос.

„Ван Гал сакаше да имплементира свој проект, немаше вести од Јунајтед долго време, па јас почнав да се сомневам. Потоа ми се јави Анчелоти и тоа беше тоа, веднаш дојдов во Реал Мадрид“, додаде Германецот.

„Црвените ѓаволи“ во последните години направија многу грешки на трансфер пазарот, а Крос е сигурно една од најголемите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…