Германскиот фудбалер Тони Крос пристигна во Реал Мадрид во 2014 година и изгради легендарен статус во „кралскиот“ клуб.
Германецот има договор до крајот на сезоната, а „кралевите“ сакаат да му го продолжат на уште една година, но Крос се уште нема ставено потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Причините за тоа не се финансиите, туку планира да стави крај на кариерата, а „кралевите“ прават се за да го убедат да остане.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Крос конечно донел одлука и ќе игра уште една сезона за Реал Мадрид пред да стави крај на кариерата. Се очекува во наредните недели да стави потпис на договорот и официјално да биде потврдено неговото останување на „Сантиаго Бернабеу“ за уште една сезона.
🚨 Toni Kroos has decided to stay at Real Madrid for at least one more season. 🇩🇪
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 14, 2023
(Source: Mundo Deportivo) pic.twitter.com/ebahjJqgtg