Италијанските клубови покажуваат сериозен интерес за плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос, пренесуваат медиумите на Апенините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Крос наскоро ќе наполи 34 години, но игра уште една одлична сезона во Реал Мадрид, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Германецот размислува за пензионирање на лето, но Јуветус и Милан сакаат да го предомислат бидејќи веруваат дека може се уште да игра на највисоко ниво.
Двата клуба веќе ја почнаа битката за неговиот потпис и му нудат едногодишен договор со опција за уште една сезона.