Дома Македонски спорт Мак фудбал Томе Китановски е замената за Kлинсман Цаке во Струга Трим Лум

Томе Китановски е замената за Kлинсман Цаке во Струга Трим Лум

Искусниот Томе Китановски е второто засилување за Струга Трим Лум.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Китановски во Струга доаѓа да го пополни местото на Клинсман Цаке кој пред неколку дена потпиша за Шкендија. Договорот кој Струга го потпиша со Китановски е на шест месеци со можност за продолжување на уште една година.

Со ангажманот на Битолчанецот Струга добива на искуство. Во клубот пристигнува како слободен играч откако неодамна се раздели со лидерот на табелата Шкупи.

Во кариерата Китановски играше уште за Пелистер и Македонија Ѓорче Петро во Македонија, додека во странство го носеше дресот на: Крајова Романија, Вождовац, Младост Лужани, Истра, Славен Белупа, Сабаил и Кукеши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …