Дома Фудбал Англија Толку едноставно, а перфектно: Го паметите ли неверојатниот пас на Џерард во 2002 на „Хајбери“? (ВИДЕО)

Толку едноставно, а перфектно: Го паметите ли неверојатниот пас на Џерард во 2002 на „Хајбери“? (ВИДЕО)

Стивен Џерард за Ливерпул одигра повеќе од 700 натпревари, на добар број од нив беше и капитен. Врвот на кариерата го имаше во 2005 година кога ја освои Лигата на шампионите, додека Премиер лигата остана негов неостварен сон.

Џерард дефинитивно е еден од најдобрите играчи за врска во својата генерација, освен борбеноста и одличниот шут беше познат и по одличната визија за игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од неговите најдобри асистенции ја направи во 2002 година кога на култниот „Хајбери“ Ливерпул му гостуваше на Арсенал. Тој натпревар заврши без победник 1:1.

Џерард кој тогаш имаше само 22 години на феноменален начин со надворешниот дел од копачката го пронајде Џон Арн Рисе. Норвежанецот сам излезе пред голот и рутински погоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Толку од фудбалот: Погба ја смени професијата!

Пол Погба неодамна доби четиригодишна суспензија од фудбалот поради допинг, па така сега в…