Дома Останати Ракомет Толедо се прости од Вардар: Благодарам многу Република Македонија!

Толедо се прости од Вардар: Благодарам многу Република Македонија!

Бразилецот Хозе Гиљермо Толедо не ги исполни очекувањата во Вардар и си замина од Скопје.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Толедо ќе ја продолжи кариерата во Баја Маре, меѓутоа преку Инстаграм тој испрати порака до сите навивачи на Вардар. На почетокот од пораката Толедо со кирилица потенцираше – Благодарам многу Република Македонија.

„Од приватни причини нема да бидам дел од убавата иднина на Вардар. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи со кои играв минатата сезона, на сите што работеа во клубот на целиот народ во Македонија. Како и на оваа фотографија се надевам дека ќе погледнам и ќе се насмевнам кога ќе го видам знамето на Република Македонија и симболот на Вардар на највисокото место на подиумот“, напиша Толедо во пораката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени…