Дома Фудбал Токму кога мислевме се опаметил: Балотели се појавил на првиот тренинг со над – 100 килограми!?

Токму кога мислевме се опаметил: Балотели се појавил на првиот тренинг со над – 100 килограми!?

baloteli

Maрио Балотели повторно предизвикува бура негативни коментари и изгледа дека помош – нема!

На голема врата беше вратен во репрезентацијата на Италија после доаѓањето на Роберто Манчини, но и експресно беше исфрлен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После катастрофалниот настап против Полска, Балотели беше елиминиран од комбинација за настап на вчерашниот настап против Португалија.

Како „капак на се“ што му се случи овие денови доаѓа и веста од францускиот „Л’Eкип“ кој пренесува поразителни бројки за напаѓачот кој во Италија важеше за голем потенцијал.

Имено, Балотели на стартот на припемите на Ница на 17-ти јули се појавил со над 100 килограми!?

Состојбата на Балотели била вистински шок за тренерот на Ница, Патрик Виера. Токму поради тоа Италијанецот бил ставен под жестока индивидуална програма со цел во најбрз можен рок да го симне вишокот килограми кој го собрал за краток период. Поточно, од мај до јули…

За неполни два месеци од доаѓањето во тренинг кампот на Ница, Балотели и понатаму има шест килограми повеќе од идеалната граница, а таа стои на 88 килограми.

Неверојатно звучи но Балотели своето тело го уништил за само два месеци одмор…Сега не е ни чудо што Марсеј го откажа практично договорениот трансфер со Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…