Денес селекторот Александар Тодоров го објави списокот за квалификацискиот турнир во Талин, Естонија.
Списокот – можете да го погледнете тука.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тодоров истакна дека на овој поширок список има повеќе имиња од домашниот шампионат поради ситуацијата со коронавирусот.
„Денес го пративме поширокиот список во ФИБА. Беше исклучително тешко да се состави список, посебно што не знаеме каква ќе биде ситуацијата после задолжителните тестирања. Затоа се договоривме да одиме со што е можно повеќе имиња од домашното првенство, за да во случај на поголем број случаи, да можеме да собереме доволен број играчи за непречен тренажен процес.
На овој список ги нема оние играчи кои поради повреди ќе мораат да го прескокнат овој прозорец, како и дел од помладите играчи кои настапуваат во странство. Дел поради немање дозвола да допатуваат од своите екипи, дел заради неможноста за брза реакција (замена) во случај на позитивни случаи.
Од натурализираните странски играчи, изборот мораше да падне на Џејкоб Вајли, заради тоа што Шејн Витингтон е во Јапонија, каде има задолжителен карантин за сите кои се враќаат од Европа. Од друга страна, Аскиа Букер, заради истите причини, не можеше да ја напушти Кина да дојде до Скопје да ја заврши процедурата околу пасошот“, изјави селекторот.