Кристијaно Роналдо вечерва одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ал Наср и постигна хет-трик во само едно полувреме против Абха.
Роналдо го постигна првиот гол по само 11 минути игра, а веќе десет минути подоцна зголеми на 2:0. Следуваше гол на Садио Мане за потоа Португалецот да го комплетира хет-трикот. Петтиот гол во првиот дел беше дело на Ал Сулаихем. Првиот и вториот гол Роналдо ги постигна од слободен удар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во второто полувреме кога работата веќе беше завршена Роналдо доби одмор и остана на клупата. Интересно Роналдо последен пат кога успеа да постигне два гола од слободен удар беше дури пред 13 години кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед.