Фудбалерите на Тотенхем вчера беа поразени од Манчестер Сити на својот стадион со резултат 0:2 во реваншот од 34. коло на Премиер лигата.
Тотенхем имаше свои шанси во натпреварот со бранителот на титулата, но не ги искористија пред се тука се мисли на двете 100% кои ги имаа Дејан Кулушевски и Сон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На „петлите“ им беше потребна победа за да останат во игра за пласман во Лигата на шампионите и во последното коло, но со победата му помагаа и на нивниот најголем ривал Арсенал да биде во пол-позиција за титулата во последното коло. Поради тоа голем дел од фановите сакаа да не победат, без разлика што на овој начин ги изгубија шансите за пласман во најелитното европско натпреварување.
За немањето победнички менталитет во Тотенхем претходно зборуваа Жозе Мурињо и Антонио Конте, а сега тоа го почувстувва и го кажа и Постекоглу.
„За жал, во последните 48 часа видов дека темелите внатре и надвор од клубот се многу кревки, навивачите тука имаат поинакво размислување од она што е потребно за еден голем клуб“, изјави Постекоглу.
На теренот видовме и две ситуации во кои во едната Постекоглу се расправаше со навивач кој јасно покажуваше дека сака Сити да победи (ТУКА), а во другата во која еден фан го прослави голот на „граѓаните“. (ТУКА)