Шпанските медиуми одвреме наврме знаат да објават снимка или фотографија од детството и фудбалските почетоци на еден од најголемите фудбалери во историјата, Лионел Меси.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега не шпанските медиуми, туку братот на Лео, Родриго Меси објави фотографија на која ѕвездата на Барселона се уште е бебе во количка.
На фотографијата покрај Родриго се наоѓа и Матијас Меси (прв од левата страна), како и Лео Меси кој како бебе плаче во количката.
Тоа расплакано бебе денес испишува историја во светскиот фудбал…