Српската одбојкарка, Александра Узелзац која има само 19 години преживеала вистинска драма во Рио Де Женеиро каде што ги брани боите на Флуминенсе.
Имено, како што раскажа таа во период од десет дена на улиците во Бразил таа прво била нападната со нож, а потоа и со пиштол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во разговор со српските медиуми Узелац го раскажа хоророт низ кој поминала.
„Бев во друштво на другарка со која возевме велосипед, бев пред неа, а таа ме селдеше. Одеднаш двајца непознати мажи налетаа на мене, имаа огромни ножеви кои ги извадија од кошулите. Не знам како и успеаа да ги сместат таму.
Почнав да врескам, не знаев што да направам. Само господ ме спаси што не паднав од велосипедот и излетав од патот каде што имаше други автомобили и моторцикли, па се откажаа“, ја раскажа Александра првата случка.
Неколку дена подоцна се соочила со новиот инцидент кој бил уште подраматичен.
„Исто така бев со другарка со која се враќав од вечера. Претходно го гледавме фудбалскиот клуб на Флуминенсе, се бееше супер. Гледав во телефонот кога другарка ми ме фати за рака и почна панично да вика: Узи, Узи, Узи…Кога ја кренав главата видов дека пред нас и зад нас стојат две коли, а од страна два мотори. Излегоа мажи со фантомки на главата и пиштоли.
На португалски викаа да им дадеме се што имаме, ни ги вперија пиштолите во глава. Ние врескавме колку што не држи гласот. Бевме избезумени само сакавме да дојдеме до клубот, знаевме дека таму ќе сме безбедни. Стигнавме и бевме во шок, ни дадоа вода да се смириме додека плачевме“, раскажа одбојкарката.