И во овој преоден рок Бенфика покажа дека знае добро да заработи. Португалскиот гигнат во финишот од преодниот рок го продаде Енцо Фернандез за 121 милион евра, а пред само шест месеци го платија 15 милиони евра.
Во изминатите години Бенфика изгради репутација на клуб кој знае добро да работи и да продаде скапо. Во последните 20-тина години клубот има остварено околу 1.5 милијарда приходи од продажба на фудбалери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Очигледно дека клубот има одлична стратегија и добра скаут служба која им носи заработка.
На социјалните мрежи сега се појави и фотографија на тим од 11 фудбалери на кои Бенфика заработи на 600 милиони евра.
Едерсон – €40m (Манчестер Сити)
Нелсон Семедо – €35.7m (Барселона)
Рубен Диаш – €71.6m (Манчестер Сити)
Виктор Линделоф – €35m (Манчестер јунајтед)
Фабио Коентрао – €30m (Реал Мадрид)
Аксел Витсел – €40m (Зенит)
Енцо Фернандез – €121m (Челси)
Ренато Санчез – €35m (Баерн Минхен)
Анхел Ди Мариа – €33m (Реал Мадрид)
Дарвин Нуњез – €80m (Ливерпул)
Жоао Феликс – €127m (Атлетико Мадрид)