Искусниот напаѓач, Тим Кејхил се уште нема намера да ја заврши својата кариера бидејќи пронајде нов ангажман.
Кејхил после Светското првенство се прости од репрезентацијата на Австралија и многумина веруваа дека ќе ја заврши својата фудбалска кариера ова лето. Меѓутоа овој 38 годишен напаѓач се уште нема намера да каже крај и пронајде нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, поранешниот фудбалер на Евертон е нов играч на индискиот Јамшедпур со кој потпиша договор на една година. Кејхил на почетокот на година потпиша за англискиот Милвол, но во клубот од Чемпионшип се задржа само неколку месеци.
„Среќен сум што можам да кажам дека кариерата ја продолжувам во Индија во Јамшдпур. Клубот направи се да ме доведе и ми се допадна што беа професионални во се. Со нетрпение чекам да ја започнам новата авантура и да им се придружам на соиграчите“, изјави Кејхил.