Селекторот на мароканската фудбалска репрезентација Валид Реграги го објави списокот на фудбалери кои ќе патуваат на Светското првенство во Катар.
Една од најуспешните африкански селекции го забележува вториот настап во низа на Мундијалите, вкупно шести, а ќе има интересен состав во Доха.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемата ѕвезда покрај Ашраф Хакими, Хаким Зијеш се врати во националниот тим откако претходниот селектор Вахид Халихоџиќ не го сакаше во националниот тим.
Голмани: Јасин Боно (Севилја), Мунир (Ал Вехда), Ахмед Реда Танјаути (Видад Казабланка).
Одбрана: Ашраф Хакими (ПСЖ), Нусер Мазрауи (Баерн), Наџиф Ахуерд (Вест Хем), Ашраф Дари (Брест), Џавад Ел-Јамику (Ваљадолид), Јахиа Атијат-Алал (Видад Казабланка), Бадр Беноун (Катар СЦ) .
Среден ред: Софијан Амбрабат (Фиорентина), Селим Амалах (Стандард), Абделхамид Сабири (Сампдорија), Азедин Онахи (Анжи), Билел Ел Канус (Генк), Јахја Јабране (Видад Казабланка).
Напад: Хаким Зијеш (Челзи), Јусеф Ен Несири (Севилја), Софијан Буфал (Анжи), Закарија Абуклал (Тулуз), Ез Абде (Осасуна), Амин Харит (Марсеј), Иљас Шаир (КПР), Абдеразак Хамдалах (Ал Итихад). ), Валид Чедира (Бари).
Ќе потсетиме, пред неколку дена легендарниот Самуел Ето даде изненадувачка изјава во јавноста во која порача дека Марико го гледа како финалист на Светското првенство против неговиот Камерун.