Maроканскиот фудбалер Хаким Зијеш наскоро би можел да биде ново засилување за Галатасарај.
Турскиот клуб успешно ги завршил преговорите со Челзи, но деталите од трансферот засега не се познати во јавноста. Познато е дека се чека само зелено светло од докторите на турскиот клуб за 30-годишниот фудбалер да пристигне во Истанбул.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зијеш го засили Челзи во 2020 година кога „сините“ за него на Ајакс платија 40 милиони евра. На „Стенфорд Бриџ“ Мароканецот немаше многу среќа и неговата минутажа се менуваше во зависност од тоа кој го води Челзи. Голем број натпревари пропушти и поради повреда.
Токму честите повреди се главната причина поради која Маурисио Покетино не смета на него. Зијеш не се најде ниту на списокот пријавени фудбалери за Премиер лигата.
Chelsea have reached verbal agreement in principle with Galatasaray for Hakim Ziyech transfer 🚨🟡🔴 #Galatasaray
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 16, 2023
Deal subject to further details and also medical tests — as Chelsea are careful after twists with PSG and Al Nassr. pic.twitter.com/TEdlUmJwdj