Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 22.12.2021)

Тикет на денот (среда, 22.12.2021)

Доколку нема некои одложувања, денес дефинитивно не очекува одлична понуда, веројатно и најдобра до крајот на 2021 година. Ова е нашиот предлог тикет за денес со одлична квота.

Венеција – Лацио – 2 @ 1.92 во Mozzart

Мислевме дека Венеција нема да се опорави после три последователни порази особено после оној од Верона кога го испуштија водството од 3-0 и изгубија со 3-4. Меѓутоа прво успеаа да останат непоразени против Јувентус како домаќините, а потоа зедоа и бод во Џенова против Сампдорија. Лацио доаѓа во многу незгоден момент. Римјаните имаат внатрешни проблеми, Имобиле е повторно позитивен на коронавирусот, додека СМС е во конфликт со тренерот Сари. Како и да е, сметаме дека Римјаните на овој натпревар можат да земат три бода и предлагаме 2 со квота 1.92 во Mozzart.

Газиантеп – Аланја – 1 @ 2.45 во Bet365


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Газиантеп игра фантастично на домашен терен. На осум првенствени натпревари шест пати излегоа како победници, а само Бешикташ и Гиресун успеваа да им земат по бод. Овде паднаа екипите на Фенербахче, Коњаспор и Башакшехир. Да беа и приближно успешни во гости, сега не би биле на 13-то место на табелата, туку би имале одличен пласман. Денешниот нивни ривал, Аланја се наоѓа пред нив, а подеднакво добро игра и како домаќин и како гостин. Во последно време гостите бележат пад на формата и имаат три порази во претходните четири кола. Ние очекуваме Газиантеп тоа да го искористи и предлагаме 1 со квота 2.45 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.70

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (среда, 11.12.2024)

Денес има голема понуда за обложување, но ние ќе ви дадеме одличен предлог Тикет на денот.…