Пред натпреварот со Мотор за медиумите покрај тренерот Алушовски зборуваше и капитенот Стојанче Стоилов
Стоилов потврди дека ситуацијата е тешка, но смета дека тие што до сега останале ќе останат до крајот на сезоната.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многу работи има нејасни, никој не знае каква е иднината на клубот. Тие што останаа, мислам дека ќе останат до крај на сезоната. Во ваква ситуација и титулата во Македонија доаѓа во прашање“, изјави Стилов
Меѓутоа и самиот не е сигурен што ќе биде понатаму.
„Тешко е, никој не знае што ќе се случи, можеби ги играме последните натпревари тука. Проблемите се долго време, никој ништо не кажува.