Тиери Анри би можел да се врати во англискиот фудбал и тоа како менаџер на екипата на Бурнемоут.
„Скај Спорт“ пренесува дека раководството на тимот од Чемпионшип го контактирало легендарниот Французин и сега се водат преговори за тој да го превземе тимот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој екипата ја води Џонатан Вудгејт кој дојде на местото на Џејсон Тиндал кој беше отпуштен на почетокот на февруари поради лошите резултати.
Анри тренерската кариера ја започна на клупата на репрезентацијата на Белгија каде што од 2016 до 2018 година беше помошник на Роберто Мартинез. Потоа без премногу успех ја водеше екипата на Монако, а рработеше и во МЛС екипата на Монтреал.