Дома Фудбал Останато Тиери Анри наскоро добива „шут карта“ во Монако, резултатите не се единствена причина

Тиери Анри наскоро добива „шут карта“ во Монако, резултатите не се единствена причина

Moнако после само три месеци ќе побара нов тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските медиуми пласираа информација дека Тиери Анри наскоро ќе биде отпуштен. Според последните информации во следните 48 часа Французинот ќе добие отказ.

Како причина за отказот освен катастрофалните резултати се наведува дека може да биде и скандалозното однесување на Анри во текот на првенствениот натпревар против Стразбур.

Телевизиските камери го снимија моментот кога Анри го навреди голманот на Стразбур Кен Лалу. Подоцна тој се извини.

Анри на клупата на Монако седна откако Леонардо Жардим заработи отказ. Ова беше негов прв тренерски самостоен ангажман и потфрли.

Претходно тренерско искуство собираше во репрезентацијата на Белгија како дел од стручниот штаб на Роберто Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

От Наполи решиле да се разделат со Милинковиќ-Савиќ

Наполи се подготвува да се раздели со Вања Милинковиќ-Савиќ само една година по потпишувањ…