Дома Фудбал Останато Тиаго Силва со остри критики кон ПСЖ

Тиаго Силва со остри критики кон ПСЖ

Доскорешниот капитен на ПСЖ, Тиаго Силва го сподели разочарувањето поради начинот на кој си замина од клубот.

Тиаго Силва после осум сезони си замина од Париз како слободен агент откако ПСЖ реши да не му понуди нов договор.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Бев во Бразил и ми се јави Леонардо за време  на карантинот. Ме праша како сум, а потоа ме праша дали ќе останам во клубот до доигрувањето на Лигата на шампиони. Јас веднаш му кажав дека се согласувам. Дури после тоа тој ми соопшти дека клубот нема да ми предложи нов договор поради проблемите со коронавирусот. Сето тоа ме изненади“, објаснува Тиаго Силва.

„После финалето во ЛШ, Леонардо се обиде да ме убеди да останам. Тоа уште повеќе ме изнервира, што се промени за два месеци? Клубот воопшто не се однесуваше добро со мене и со други фудбалери како Кавани. Јас дадов се за тој клуб и ова го кажувам за да научат да не ги прават истите грешки во иднина“, заклучи Бразилецот.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…