Дома Фудбал „Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, а најтешко е на играчите“

„Тешко им е на сите кои го сакаат Јунајтед, а најтешко е на играчите“

Манчестер Јунајтед вчера повторно ги разочара своите навивачи. Црвените ѓаволи во големото дерби беа поразени од Ливерпул со 3:1.

Манчестер Јунајтед повторно делуваше безидејно. Навивачите не го кријат разочарувањето, а Немања Матиќ вели дека ситуацијата е тешка.

„Тешка е за сите кои го сакаат Манчестер Јунајтед. На играчите е најтешко. Мораме да играме подобро.“ – рече Матиќ за Скај Спорт.

Го прокоментира и поразот од Ливерпул.

„Очекувавме повеќе. Мислам дека во првото полувреме направивме неколку шанси, а после вториот погодок ни беше тешко да се вратиме. Тие после погодокот имаа повеќе самодоверба. Второто полувреме за нас не беше добро.“

Јунајтед моментално се наоѓа на шестата позиција на табелата со 26 освоени бодови, со дури 19 помалку од лидерот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џозеф пред ново заминување од Лидс: Мајорка сака позајмица, Англичаните поставуваат услов

Матео Џозеф би можел повторно да заигра за Мајорка во јануари, но двата клуба имаат различ…