Дома Фудбал Англија Тешко е, но има можност да се случи „мајсторка“ да го одлучува шампионот на Англија

Тешко е, но има можност да се случи „мајсторка“ да го одлучува шампионот на Англија

Иако е во рамките на теоријата, не е невозможно да се случи да гледаме плјеоф за шампионот на Англија.

Манчестер Сити е лидер со 95 бодови, а Ливерпул има 94. На Сити му е потребна победа на гостувањето кај Брајтон за да ја обезбеди титулата, додека Ливерпул на „Енфилд“ го пречекува Вулверхемптон и се надева на чудо во Брајтон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би-Би-Си“ пред овој натпревар пренесува интересни информации кои говорат дека Сити и Ливерпул би можеле да се најдат во целосна изедначена ситуација после денешните натпревари и такво сценарио би донело плеј-оф за шампионот на Англија на неутрален терен. Тој е скоро невозможен, но кога постои можност би требало да ве запознаеме.

Единствениот начин тоа да се случи е Сити да изгуби со 4:0 од Брајтон, а Ливерпул да одигра 4:4 со Вулверхемптон или да биде 5:1 и 5:5, 6:2 и 6:6…

Освен борбата за титулата, ја следиме и борбата за Златната копачка. Четири играчи имаат реални шанси да дојдат до ова признание, иако во предност е Мохамед Салах со 22 гола. Зад него со по 20 голови се Садио Мане, Серхио Агуеро и Пјер Емерик Обамејанг.

Дали ќе бидеме сведоци на ново чудо во последниот ден од оваа неверојатна недела (во Лигата на шампионите се случија две) ќе дознаеме денес, натпреварите се играат во 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус го освои италијанскиот Куп

Јувентус го освои трофејот во италијанскиот Куп, откако во финалето ја победи Аталанта со …