Дома Фудбал Останато Тер Штеген откри зошто не го славеше вториот гол и ги воодушеви сите (видео)

Тер Штеген откри зошто не го славеше вториот гол и ги воодушеви сите (видео)

Барселона со високи 3:0 го победи Манчестер Јунајтед во реванш четвртфиналниот дуел од Лигата на шампиони, а Марк Андре тер Штеген немаше многу работа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, германскиот голман со еден свој потег го воодушеви целиот свет.

Вториот гол на Лео Меси беше по директна вина на Давид Де Геа, камерите го фатија Тер Штеген дека не го слави голот.

Имено, голманот на Барса се солидализира со својот колега и не се радуваше на неговата грешка.

„По натпреварот му кажав на Де Геа дека сите сме луѓе и дека тоа може да ми се случи и мене и на секој друг. Вистината е дека ми требаше малку време за да го прославам голот, затоа што тој игра на истата позиција како мене и јас можев да ја почувствувам неговата болка. Сепак, животот ќе продолжи“, истакна Марк Андре тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Статистичарите пресметаа кој има најголеми шанси за освојување на СП (Фото)

Францускиот тим е најголем фаворит за освојување на титулата светски првак, според пресмет…