Дома Фудбал Тер Штеген: Ова е срам за фудбалскиот свет

Тер Штеген: Ова е срам за фудбалскиот свет

Реал ја победи Барселона со 3:2 во Ел Класико на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и на тој начин практично ја обезбеди титулата шампион на Шпанија. Тоа беше натпревар во кој Барселона двапати водеше, а на крајот Реал стигна до победата во 92. минута и му побегна на најголемиот ривал на 11 бода.

Во Барселона се бесни на судиите. Сметаат дека се оштетени за голот во 27. минута. Тогаш голманот на Реал, Андриј Лунин, едвај ја извади топката од гол линијата или надвор од голот. Во Примера нема гол технологија, а ВАР сметаше дека топката не влегла во голот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Ова е срамота. Многу е разочарувачки што не можеа да најдат агол да ја проверат ситуацијата. Има многу пари на овој свет и не разбирам зошто ја немаме технологијата што ја имаат другите лиги. Срам за фудбалскиот свет“, изјави голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкотски навивачи поминале низ хорор: Биле малтретирани и понижувани во Загреб?!

Многу навивачи на Селтик ден пред натпреварот против Динамо во Лигата на шампионите (1:1),…