Дома Трансфер зона Тери ја игра последната сезона во Челзи

Тери ја игра последната сезона во Челзи

Челзи нема да му понуди нов договор на Џон Тери, што значи дека долгогодишниот капитен, по завршувањето на сезоната, по 22 години ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Џон Тери ја одби богатата понуда на Шангај Шенхуа, во јануари да се пресели во Кина, бидејќи сака од Челзи да се прости со освоена титула во Премиерлигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека менаџерот Антонио Конте во своите планови нема место за Тери и дека на дефанзивецот му соопштил дека ја игра последната сезона во клубот.

Тери во слична ситуација беше и минатата сезона, тој дури и соопшти дека заминува, но потоа доби нов едногодишен договор, токму по инсистирање на Конте.

Дефанзивецот од млaдинската школа влезе во првиот тим на Челзи во 1998 година, има одиграно 710 натпревари и постигнато 66 голови. Со Челзи освои четири титули во Премиерлигата, пет трофеи во ФА купот, три во Лига купот и два во Комјунити шилд, односно по една титула во Лига Европа и Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…