Дома Трансфер зона Тери си заминува од Челзи, но останува во Премиер лигата?

Тери си заминува од Челзи, но останува во Премиер лигата?

Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери за клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе одигра само уште еден натпревар.

„Сините“ во последното коло на свој терен играат против Сандерленд и по завршувањето на овој дуел, Тери ќе се поздрави со навивачите и ќе стави крај на својата ера во овој клуб која траеше долги 22 години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познато е дека Тери по завршувањето на сезоната ќе го напушти Челзи, но се уште не се знае дали ќе стави крај на својата кариера или ќе најде нов ангажман. Според последните информации од Англија, постои шанса и следната сезона да го гледаме во Премиер лигата и тоа во дресот на Свонси.

Менаџерот на овој клуб Пол Клемент исклучително го цени Џон Тери и изјави дека ќе го повика во Свонси, а останува да видиме дали 36-годишниот дефанзивец ќе ја прифати понудата.

Потсетуваме, Џон Тери се поврзува и со трансфер во МЛС и Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…