Дома Фудбал Лига на шампиони Терзиќ: Реал не заслужи да победи, но има убиствен инстикт

Терзиќ: Реал не заслужи да победи, но има убиствен инстикт

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ истакна дека неговиот тим не заслужил пораз од Реал Мадрид во финалето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Одигравме одличен натпревар и можеби заслуживме нешто повеќе. Особено во првото полувреме почувствувавме дека го имаме тоа во себе и можеме да победиме. Покажавме дека имаме верба. Направивме толку многу работи како што треба и единствената разлика е што тие имаа убиствен инстинкт. Тогаш тоа го покажува квалитетот што го имаат и затоа заслужуваат повторно да бидат шампиони“, изјави Терзиќ.

„Ова беше фантастично патување, но и јас се чувствувам празно бидејќи имавме одлична можност, но не ја искористивме. Ова беше последниот натпревар во сезоната, беше многу емотивно во соблекувалната. Навистина одигравме добар натпревар, тоа е позитивното нешто што треба да го паметиме“, додаде Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Претседателот на ФИФА по натпреварот влезе во соблекувалната на Иран и одржа говор – еве што кажа!

Натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло од групата Г на Светското првенство доне…