Дома Кошарка Теодосиќ повторно го повреди стапалото

Теодосиќ повторно го повреди стапалото

Српскиот плејмејкер Милош Теодосиќ ја обнови повредата на стапалото за време на синоќешниот натпревар помеѓу неговиот Клиперс и Оклахома Сити.

Теодосиќ на почетокот на сезоната заработи поврда на стапалото поради која мораше да пропушти дури 22 натпревари, а тренерот на Клиперси Док Риверс не е голем оптимист.

„Ќе ја следиме ситуацијата од ден во ден. Утре ќе оди на детални прегледи па ќе видиме колку е сериозно. Искрено, не делува добро“, изјави Риверс после поразот на неговиот тим од 127:117.

Во досегашниот дел од сезоната Теодосиќ има просек од 25,7 минути, 9 поени и нешто повеќе од 5 асистенции по меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Антиќ отвора регионална тема: АБА-лигата како опција за руските клубови

Перо Антиќ ја поддржува идејата за руско учество во регионалното натпреварување, но смета …