Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Потребни ни се нови играчи, на полувремето сакав да го заменам цел тим

Тен Хаг: Потребни ни се нови играчи, на полувремето сакав да го заменам цел тим

Maнчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Брентфорд.

Избраниците на Тен Хаг во само едно полувреме примија четири гола и овој натпревар предизвика бура од негативни реакции и коментари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После натпреварот Тен Хаг отворено ги критикуваше играчите.

„Моја одговорност е да дадам објаснување, јасно е дека одигравме лошо, резултатот го кажува тоа. Веќе на полувремето сакав да го заменам целиот тим, не може на тоа ниво да правите толку грешки. Мора да сте подготвени да се борите како поединец и како тим, мораме да бидеме подобри, вака не може да продолжиме. Потребни ни се нови фудбалери, но сега не сакам да зборувам затоа, овие кои се тука мораат многу подобар. Сакав подобар старт, меѓутоа тоа е што е јас ќе продолжам да верувам во позитивни работи“, изјави Тен Хаг по мечот.

Следниот викенд Јунајтед го чека тежок испит во големото дерби против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …